Врз основа на член 9 став (1) во врска со член 35 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25 и 74/25), Националната комисија за учебници на седницата одржана на 09.10.2026 година, донесе
ОДЛУКА
за повлекување од употреба на учебници за VIII одделение основно образование
1. СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УПОТРЕБА следните учебници:
· Македонски јазик од авторите: Снежана Велкова и Соња Јовановска, Издавачка куќа: МОН бр.10-1634/1 од 19.06.2009 година;
· Македонски јазик од авторите: Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Гордана Алексова и Косара Гочкова, Издавачка куќа: МОН, бр.10-1634/2 од 19.06.2009 година;
· Македонски јазик од авторот: Томе Богдановски, Издавачка куќа: МОН, бр.10-1632/1 од 19.06.2009 година;
· Албански јазик од авторите: Рита Петро, Наташа Пепивани и Аделина Черпија, Издавачка куќа: МОН бр.10-1619/1 од 19.06.2009 година;
· Албански јазик од авторите: Зихни Османи и Фејзи Бојку, Издавачка куќа: МОН бр.10-1618/1 од 19.06.2009 година;
· Турски јазик од авторот: Осман Емин, Издавачка куќа: МОН, бр.22-4038/1 од 29.06.2010 година;
· Српски јазик од авторите: Добривоје Стошиќ, Снежана Велкова и Соња Лажетиќ Јовановска, Издавачка куќа: МОН, бр.22-1389/3 од 25.09.2012 година;
· Историја од авторите: д-р Виолета Ачкоска, д-р Ванчо Ѓеоргиев, д-р Фејзула Шабани и д-р Далибор Јовановски, Издавачка куќа: Табернакул, бр.10-1761/1 од 18.08.2005 година;
· Историја од авторите: акад. д-р Блаже Ристовски, д-р Шукри Рахими, д-р Симо Младеновски, д-р Тодор Чепреганов и д-р Стојан Киселиновски, Издавачка куќа: Алби, бр.10-1764/1 од 19.08.2005 година;
· Географија од авторите: Коле Павлов и Ѓорѓи Павловски, Издавачка куќа: МОН, бр.26-467/1 од 17.06.2019 година;
· Граѓанско образование од авторите: Билјана Синадиновска Шотаровска и Татјана Ѓеоргиовска, Издавачка куќа: МОН, бр.26-441/1 од 26.02.2020 година;
· Ликовно образование од авторот: Данчо Ордев, Издавачка куќа: МОН, бр.10-1611/1 од 19.06.2009 година;
· Музичко образование од авторите: Фроска Дугановска Сапунџиева, Веселинка Маџарова и Фљурим Зуљфија, Издавачка куќа: МОН, бр.26-389/6 од 08.06.2021 година и
· Физичко и здравствено образование од авторите: Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Издавачка куќа: МОН, бр.26-389/6 од 08.06.2021 година
2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Согласно со членот 35 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25 и 74/25), предвидено е дека учебниците одобрени до денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да се употребуваат сè до донесување на соодветен акт за нивно повлекување од употреба.
Со оглед на надлежностите на Националната комисија за учебници утврдени со членот 9 од Законот, како и со оглед на фактот дека за дел од предметите опфатени со оваа Одлука одобрени се нови учебници а за дел од предметите според новата Концепција за основно образование и наставните планови не се предвидени учебници, исполнети се законските услови Националната комисија да ја донесе оваа Одлука за повлекување од употреба на горенаведените учебници, со цел доследно спроведување на преодните одредби од Законот и обезбедување на правен континуитет во наставниот процес.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа Одлука незадоволната странка може да поднесе тужба за поведување управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на објавувањето на актот на интернет страницата на Министерството за образование и наука.