Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ОДЛУКА за повлекување од употреба на учебници за II година гимназиско образование

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 9 став (1) во врска со член 35 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25 и 74/25), Националната комисија за учебници на седницата одржана на 09.10.2026 година, донесе

 

ОДЛУКА

за повлекување од употреба на учебници за II година гимназиско образование

 

1. СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УПОТРЕБА следните учебници:

· Македонски јазик од авторите: Стојка Бојковска, Љиљана Минова – Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветкоски, Невена Исакова и Бранко Пендоски, Издавачка куќа: Просветно дело бр. 11-5172/1 од 30.09.2002 година;

· Македонски јазик од авторите: Јорданка Владова и Татјана Ефтимоска, Издавачка куќа: Просветен работник, бр. 11-5173/1 од 30.09.2002 година;

· Албански јазик од авторите: Ремзи Несими и Махмуд Хиса, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5181/1 од 30.09.2002 година;

· Турски јазик од авторите: Рана Ѓурел и Зеки Ѓурел, Издавачка куќа: Просветно дело, бр. 11-6263/1 од 03.11.2003 година;

· Македонски јазик и литература за албански и турски паралелки од авторот: Љубинка Донева, Издавачка куќа: Просветен работник, бр.11-5176/1 од 30.09.2002 година;

· Македонски јазик и литература за албански и турски паралелки од авторите: Нада Николовска и Валентина Палевска, Издавачка куќа: Македонска искра, бр.11-5175/1 од 30.09.2002 година;

· Македонски јазик и литература за албански и турски паралелки од авторот: Матилда Ковачева, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5174/1 од 30.09.2002 година;

· Математика од авторите: Дончо Димовски, Билјана Крстеска, Лидија Кондинска и Снежана Здравковска, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5546/2 од 23.10.2002 година;

· Математика од авторите: Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓоргиевски и Никола Петрески Издавачка куќа: Алби, бр.11-5183/1 од 30.09.2002 година;

· Математика од авторите:Иван Трајков, Глигор Тренчевски, Јорданка Митевска и Лилјана Грибовска - Поповиќ, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5182/1 од 30.09.2002 година;

· Математика од авторите: Ристо Малчевски и Мирјана Докоска, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5169/1 од 30.09.2002 година;

· Биологија од авторите: Живко Сековски и Славица Сековска, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5170/1 од 30.09.2002 година;

· Историја од авторите: проф. Милан Бошковски, проф. Неби Дервиши, Јордан Илиоски, Димко Попоски, Наташа Котлар и Силвана Сидоровска, Издавачка куќа: Просветно Дело, бр.11-4193/1 од 14.07.2006 година;

· Историја од авторите: акад. д-р Блаже Ристовски, д-р Тодор Чепреганов,д-р Шукри Рахими, д-р Симо Младеновски, и д-р Стојан Киселиновски, Издавачка куќа: Алби, бр.11-4194/1 од 14.07.2006 година;

· Географија од авторот: Александар Стојмилов, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5185/1 од 30.09.2002 година;

· Географија од авторот: Селим Мерсимовски, Издавачка куќа: Просветен работник, бр.11-5184/1 од 30.09.2002 година;

· Хемија од авторот: Бујар Дурмиши, Издавачка куќа: Логос А, бр.11-5300/1 од 08.10.2002 година;

· Хемија од авторот: Бојан Шоптранов, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5195/1 од 30.09.2002 година;

· Физика од авторите: Мирјана Јоноска, Мимоза Ристова – Васева, Оливер Зајков и Драган Јакимовски, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5188/1 од 30.09.2002 година;

· Физика од авторите: Штефица Уичиќ, Анка Чушкаровска и Ѓорѓи Насковски, Издавачка куќа: Македонска искра, бр.11-5187/1 од 30.09.2002 година;

· Социологија од авторите: Гордана Трајкова – Костова и димитар Мирчев, Издавачка куќа: Македонска искра, бр.11-5171/1 од 30.09.2002 година (Решение за продолжување на важност бр.26-1175/1 од 24.07.2020 година);

· Социологија од авторите: Нелко Стојановски, Милева Ѓуровска и Зоран Матевски, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5177/1 од 30.09.2002 година (Решение за продолжување на важност бр.26-1174/1 од 24.07.2020 година);

· Ликовна уметност од авторот: Владимир Величковски, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5196/1 од 30.09.2002 година;

· Музичка уметност од авторите: Анкица Витанова и Силвана Гелевска, Издавачка куќа: Евро Култ 2000, бр.11-5207/1 од 30.09.2002 година;

· Музичка уметност од авторот: Георги Здравев, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5206/1 од 30.09.2002 година;

· Спорт и спортски активности од авторот: Насе Кондовски, Издавачка куќа: Просветно Дело, бр.11-5178/1 од 30.09.2002 година и

· Иновации и претприемништво (проектна активност) од авторите: Радмил Поленаковиќ и Валентина Гечевска, Издавачка куќа: МОН, бр.22-1717/1 од 30.12.2016 година (Решение за продолжување на важност бр.26-1256/1 од 11.08.2020 година);

· Етика (изборен) од авторот: Кирил Темков, издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-3881/1 од 15.07.2004 година;

· Говорење и пишување вештини (изборен) од авторот: Димитар Пандев, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-3884/1 од 15.07.2004 година;

· Говорење и пишување вештини (изборен) од авторот: Махмуд Хиса, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-3885/1 од 15.07.2004 година;

· Елементарна алгебра и геометрија (изборен) од авторите: Јелена Бабовиќ, Костадин Тренчевски, Билјана Крстевска – Веруш, Лидија Кондинска и Глигор Тренчевски, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5210/1 од 30.09.2002 година;

· Латински јазик (изборен) од авторот: Љубинка Басотова, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-5190/1 од 30.09.2002 година;

· Латински јазик (изборен) од авторите: Весна Димоска и Митко Чешларов, Издавачка куќа: Алби, бр.11-5189/1 од 30.09.2002 година и

· Старогрчки јазик (изборен) од авторите: Маргарита Бузалковска Алексова, Валериј Софрониевски, Елена Џукеска и Андреј Сених, Издавачка куќа: МОН, бр.22-4665/1 од 27.08.2010 година

2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Согласно со членот 35 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25 и 74/25), предвидено е дека учебниците одобрени до денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да се употребуваат сè до донесување на соодветен акт за нивно повлекување од употреба.

Со оглед на надлежностите на Националната комисија за учебници утврдени со членот 9 од Законот, како и со оглед на фактот дека за дел од предметите опфатени со оваа Одлука одобрени се нови учебници а за дел од предметите според важечките наставни планови и програми не се предвидени учебници, исполнети се законските услови Националната комисија да ја донесе оваа Одлука за повлекување од употреба на горенаведените учебници, со цел доследно спроведување на преодните одредби од Законот и обезбедување на правен континуитет во наставниот процес.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа Одлука незадоволната странка може да поднесе тужба за поведување управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на објавувањето на актот на интернет страницата на Министерството за образование и наука.

Мени за пристапност