Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ОДЛУКА за повлекување од употреба на учебници за I година гимназиско образование

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 9 став (1) во врска со член 35 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25 и 74/25), Националната комисија за учебници на седницата одржана на 09.10.2026 година, донесе

 

ОДЛУКА

за повлекување од употреба на учебници за I година гимназиско образование

 

1. СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УПОТРЕБА следните учебници:

· Македонски јазик од авторите: Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Живко Цветкоски, Невена Исакова и Бранко Пендоски, Издавачка куќа: Просветно дело бр. 10-1795/1 од 19.07.2002 година;

· Македонски јазик од авторот: Јорданка Владова, Издавачка куќа: Просветен работник, бр. 10-1794/1 од 19.07.2002 година;

· Албански јазик од авторите: Али Алиу и Џемалудин Идризи, Издавачка куќа: Албас бр.10-1789/1 од 19.07.2002 година;

· Албански јазик од авторите: Ремзи Несими, Џеват Гега и Махмуд Хиса, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.10-1785/1 од 19.07.2002 година;

· Турски јазик од авторите: Актан Аго, Осман Емин и Зекирија Хасипи, Издавачка куќа: МОН, бр. 22-864/1 од 22.06.2018 година;

· Македонски јазик и литература за албански и турски паралелки од авторите: Нада Николовска и Љиљана Ефтимова, Издавачка куќа: Македонска искра, бр.10-1811/1 од 19.07.2002 година;

· Македонски јазик и литература за албански и турски паралелки од авторите: Косара Гочкова и Јордан Стојановски, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.10-1793/1 од 19.07.2002 година;

· Математика од авторот: Игор Димовски, Издавачка куќа: Табернакул, бр.10-1777/1 од 19.07.2002 година;

· Математика од авторите: Дончо Димовски, Костадин Тренчевски, Глигор Тренчевски, Билјана Крстевска – Веруш и Лидија Кондинска, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.10-1776/1 од 19.07.2002 година;

· Математика од авторите: Боривоје Миладиновиќ, Никола Петрески и Трајче Ѓоргиевски, Издавачка куќа: Алби, бр.10-1774/1 од 19.07.2002 година;

· Математика од авторите: Илир Спахиу и Заим Адеми, Издавачка куќа: Логос А, бр.11-4212/1 од 15.08.2002 година;

· Инфораматика од авторот: Данијела Ѓорѓевиќ, Издавачка куќа: МОН, бр.22-270/1 од 14.03.2013 година;

· Биологија од авторите: Светлана Брашнарска, Павле Петров, Олгица Саракинова и Невена Цветанова, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.10-1810/1 од 19.07.2002 година;

· Историја од авторите: акад. д-р Блаже Ристовски, д-р Шукри Рахими, д-р Симо Младеновски, и д-р Митко Панов, Издавачка куќа: Алби, бр.11-4192/1 од 14.07.2006 година;

· Историја од авторите: проф. Милан Бошковски, проф. Неби Дервиши, Сашко Николовски и Сафет Незири, Издавачка куќа: Просветно Дело, бр.11-4190/1 од 14.07.2006 година;

· Географија од авторите: Ѓорѓи Павловски и Аце Миленковски, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.10-1786/1 од 19.07.2002 година;

· Географија од авторот: Аслан Хамити, Издавачка куќа: Логос А, бр.10-1775/1 од 19.07.2002 година;

· Хемија од авторот: Бојан Шоптранов, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.10-1804/1 од 19.07.2002 година;

· Хемија од авторот: Саво Цветковиќ, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.10-1803/1 од 19.07.2002 година;

· Хемија од авторите: Бујар Дурмиши и Муртезан Исмаили, Издавачка куќа: Логос А, бр.11-4211/1 од 15.08.2002 година;

· Физика од авторите: Љубо Петковски и Васил Мицевски, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.10-1778/1 од 19.07.2002 година;

· Физика од авторот: Скендер Скендери, Издавачка куќа: Логос А, бр.10-1800/1 од 19.07.2002 година;

· Музичка уметност од авторите: Анкица Витанова и Силвана Гелевска, Издавачка куќа: Евро Култ 2000, бр.11-4785/1 од 13.09.2002 година;

· Музичка уметност од авторот: Сотир Голабовски, Издавачка куќа: Просветно дело, бр.11-4787/1 од 13.09.2002 година;

· Музичка уметност од авторот: Заедин Исмаили, Издавачка куќа: Албас, бр.11-4786/1 од 13.09.2002 година;

· Спорт и спортски активности од авторот: Насе Кондовски, Издавачка куќа: Просветно Дело, бр.11-4785/1 од 13.09.2002 година и

· Иновации и претприемништво (проектна активност) од авторот: Емануела Есмерова, Издавачка куќа: МОН, бр.23-1359/1 од 27.10.2015 година

2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Согласно со членот 35 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25 и 74/25), предвидено е дека учебниците одобрени до денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да се употребуваат сè до донесување на соодветен акт за нивно повлекување од употреба.

Со оглед на надлежностите на Националната комисија за учебници утврдени со членот 9 од Законот, како и со оглед на фактот дека за дел од предметите опфатени со оваа Одлука одобрени се нови учебници а за дел од предметите според важечките наставни планови и програми не се предвидени учебници, исполнети се законските услови Националната комисија да ја донесе оваа Одлука за повлекување од употреба на горенаведените учебници, со цел доследно спроведување на преодните одредби од Законот и обезбедување на правен континуитет во наставниот процес.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа Одлука незадоволната странка може да поднесе тужба за поведување управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на објавувањето на актот на интернет страницата на Министерството за образование и наука.

Мени за пристапност