Врз основа на член 12 став 2 од Законот за употребата на македонскиот јазик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 21/24 и 14/25) и член 2 од Правилникот за начинот на спроведување на конкурсот за стипендирање на студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 13/25), Министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ТРЕТ ЦИКЛУС ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ЗЕМЈАТА ЗА АКАДЕМСКАТА 2025/2026 ГОДИНА
Заради стимулирање на дипломираните студенти од втор циклус за запишување на трет циклус на студиски програми по македонски јазик, Министерството за образование и наука за академската 2025/2026 година ќе додели 5 (пет) стипендии на редовни студенти запишани на студиски програми за изучување на македонскиот јазик на студенти на студии од трет циклус.
I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:
Кандидатот кој ќе конкурира треба да ги исполнува следните услови:
· Да има завршено втор циклус академски студии и да има постигнат просечен успех од 8,00 или да има нострифицирано диплома за академски студии од втор циклус стекнати во странство со остварен еквивалентен просечен успех од најмалку 8,00.
· Да е запишан на академски студии по македонски јазик од трет циклус, прв пат во прва година, односно ја запишал редовно втората година со положени најмалку две третини од предвидените испити од првата година, односно ја запишал редовно третата година, во академската 2025/2026 година
· Да има 2 препораки од универзитетски професори;
· Студиската програма на која е запишан кандидатот да е акредитирана и да има решение за работа;
· Да е државјанин на Република Северна Македонија
· Да не е корисник на стипендија од други даватели;
II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
· Пријава;
· Диплома за завршени академски студии од прв и втор циклус студии и уверение за постигнат успех или нострифицирана диплома за академски студии од втор циклус стекнати во странство;
· Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на академски студии од трет циклус, односно ја запишал редовно втората година со положени најмалку две третини од предвидените испити од првата година, односно ја запишал редовно третата година, во академската 2025/2026 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите;
· Две препораки од универзитетски професори;
· Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава.
· Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот.
Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:
Висината на стипендијата за студии од трет циклус во земјата изнесува 18.000 денари, за дванаесет (12) месеци во текот на академската година.
Стипендијата за втората година на студиите продолжува доколку кандидатот положил најмалку две третини од предвидените испити од првата година, односно стипендијата за третата година на студиите продолжува доколку на кандидатот му е прифатена докторската теза.
IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ
Избраниот кандидат со договор се обврзува дека ќе ги врати доделените средства доколку:
-најдоцна до шест години од потпишувањето на договорот не докторира, за избраните кандидати запишани прв пат во прва година, во академската 2025/2026;
-најдоцна до пет години од потпишување на договорот не докторира, за избраните кандидати кои ја запишале редовно втората година со положени најмалку две третини од предвидените испити од првата година, во академската 2025/2026;
-најдоцна до три години од потпишување на договорот не докторира, за избраните кандидати кои ја запишале редовно третата година, во академската 2025/2026;
V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Аплицирањето е исклучиво електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk заклучно со 09.01.2026 година.
VI. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk
Некомплетните документи нема да се разгледуваат.
Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука, лице за контакт: Богољуб Ниниќ, е-маил адреса: bogoljub.ninic@mon.gov.mk, канцеларија бр. 1408 или на телефон 02/3140-183