Министерството за образование и наука споделува информација дека Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во соработка со Фондацијата МК2025 објавија повик за доделување стипендии за академската 2026/2027 година за редовни студенти запишани на прв циклус студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Стипендиите се наменети за поддршка на академски извонредни студенти, со цел да им се овозможи непречено продолжување на високото образование и поттикнување на нивниот личен и професионален развој.
Износ на стипендијата:
2.500 американски долари (во денарска противвредност), исплатени еднаш годишно на трансакциска сметка на добитникот на стипендијата.
Краен рок за аплицирање:
31 август 2026 година
Начин на аплицирање:
Сите потребни документи се доставуваат електронски преку платформата. https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home