Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

КОНКУРС за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2026 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 50 став 1 и член 52-а став 2 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 257/20, 163/21,64/24, 235/24 и 144/25), член 2 и 3 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19) член 1 и 2 од Правилник за дополнување на Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 88/21) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2026 година бр 15-3408/1 од 26.02.2026 година, Министерството за образование и наука распишува

 

К   О   Н   К   У   Р   С

за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2026 година

 

1. Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2026 година. 

2. Право на средствата за организација на научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни  установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).

3. Пријавата за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири, како и пропратната документација ги поднесува организаторот на научниот собир. 

4. Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:

- пополнета пријава

- одлука од организаторот за одржување на научен собир;

- одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир и

- програма за работа на научниот собир со број на учесници

5. Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс.

6. Доколку организаторот на научниот собир организира научен собир со примена на средства за електронска комуникација на некоја од достапните комуникациски платформи се доставува доказ дека научниот собир е организиран со примена на средства за електронска комуникација и листа на учесници присутни на одржаниот научен собир.

7. Организаторот на научниот собир доставува покана за учество на научниот собир до претставник од Министерството за образование и наука.

8. Организаторот на научниот собир е должен до Министерството за образование и наука да достави Извештај со спецификација на направените трошоци и два примерока од зборникот на трудови најдоцна шест месеци од одржување на научниот собир.

9. Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.

Домашните научни истражувачи кои се учесници на одржаните научни собири и организаторот на научниот собир се согласуваат:

да се регистрирани (пред да се поднесе пријавата) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;

- да го објават зборникот на трудови (согласно авторските права на издавачот) во репозиториумот на матичниот факултет/научна установа/универзитет најдоцна шест месеци од одржувањето на собирот;

Линк за E-CRIS.МК: https://cris.cobiss.net/e-cris/mk

Пријавата се пополнува на електронскиот систем на Министерството за образование и наука:  https://e-uslugi.mon.gov.mk, каде се прикачуваат и останатите барани документи наведени во точка 4 и 6 на овој Конкурс. Конкурсот трае заклучно до 30.10.2026 година.

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт: Богољуб Ниниќ, канцеларија број 1410 или на телефон 02-3140-185.                                                                                                                                             

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Мени за пристапност