Полската национална агенција за академска размена – NAWA, известува дека, во академската 2026/27 година, реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и наука, од страна на Полска, ќе биде спроведена во рамките на „Програмата за размена на студенти и научници, како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ ("Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation - offer for incoming students and scientists" – Zawacka NAWA Programme”).
Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2026/27 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно, за научно-истражувачка пракса и за едно-семестрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска. Стипендијата изнесува 1800 PLN месечно за студенти, 2500 PLN за истражувачи кои се на докторски студии и 3500 PLN за истражувачи со докторат на науки.
Почнувајќи од академската 2022/23 година, NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.
Исто така, во прилог е понудата за македонски студенти и истражувачи, во рамките на Програмата за размена на студенти и истражувачи, како дел од билатералната соработка – Програма Zawacka NAWA.
Како и секогаш, ги охрабруваме студентите и истражувачите од Република Северна Македонија да учествуваат и во други програми на NAWA, како што се Ulam NAWA и Banach NAWA.
Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации, може да се најдат на веб страницата: https://nawa.gov.pl/en/students/foreign-students и
https://nawa.gov.pl/en/international-cooperation-and-exchange/zawacka-nawa/incoming/offer-for-the-2026-2027-academic-year/call-for-applications
Понатамошниот процес на аплицирање ќе се одвива преку NAWA ICT системот.
Апликацијата, заедно со потребните документи, треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, најдоцна до 15 април 2026 година.
Линкот за регистрација е: https://programs.nawa.gov.pl/login
Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иновации, E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk.