Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ЈАВЕН ПОВИК за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за III година гимназиско образование

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 18 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/25 и 74/25) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за III година гимназиско образование

 

Предмет на јавниот повик:

I. Доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за гимназиско образование, за следниот наставен предмет:

1. Руски јазик (втор странски јазик) за III година гимназиско образование

Барање за одобрување учебник по странски јазик може да поднесе издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапник во Република Северна Македонија, со најмногу еден учебник за горенаведениот наставен предмет за странски јазик.

II. Елементи на јавниот повик:

Законскиот застапник на странскиот издадвач до Педагошката служба, задолжително доставува:

1. Барање за одобрување учебник по странски јазик;

2. Назив на странскиот издавач и законскиот застапник на странскиот издавач;

3. Доказ за регистрирана издавачка дејност на законскиот застапник на странскиот издавач од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постар од три месеци;

4. Изјава од странскиот издавач дека е регистриран за издавачка дејност заверена на нотар и преведена од овластен судски преведувач;

5. Ако земјата во која е регистриран странскиот издавач не ги издава документите утврдени во овој јавен повик Педагошката служба прифаќа изјава што странскиот издавач ја заверува кај надлежен орган во државата во која е регистриран;

6. Овластување за застапништво на законскиот застапник во Република Северна Македонија од странскиот издавач, заверено на нотар и преведено од овластен судски преведувач;

7. Договор склучен во државата на странскиот издавач, помеѓу овластениот законски застапник и странскиот издавач дека одобрениот учебник ќе го обезбеди и дистрибуира до важноста на решението од Членот 19 став (10) од Законот за учебници во основно и средно образование, заверен на нотар и преведен од овластен судски преведувач;

8. Пет примероци од учебникот по странски јазик, во печатена форма и еден примерок во електронска форма, без дополнителни работни материјали и

9. Изјава од издавачот дека е согласен целокупната документација да биде јавно објавена согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Целокупната документација од оваа точка издавачите треба да ја достават и во електронска форма (ЦД или УСБ) стик.

Обврските на законскиот застапник на странскиот издавач се утврдени во член 21 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Севетна Македонија“ бр 3/25 и 74/25).

III. Рок за доставување на барањата за одобрување учебник по странски јазик:

Рокот за доставување на барањата за одобрување учебници по странски јазици е заклучно со 21.12.2026 година.

Заинтересираните издавачи може да ги превземат наставните програми и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk, https://bro.gov.mk/informacii/izvestuvanja/.

Барањата кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и кои нема да достават комплетна документација согласно јавниот повик нема да бидат разгледувани.

Барањaта за одобрување учебник по странски јазик да се достават на следната адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје.

Мени за пристапност