Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Оглас за ангажирање лицe во проектната единица за имплементација на проектот за изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Македонија

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Проектот изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија, кој се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците. Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

Министерството за образовани и наука има потреба од ангажирање на 1 (едно) лице во проектната единица за имплементација на проектот на следнава позиција:

- супервизор (1 лицe)

 

Минималните критериуми кои треба да ги исполнуваат лицата на наведената позиција се следниве:

I. Супервизор (1 лице):

- Високо образование – студии од областа на архитектурата најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Дипломиран инженер архитект).

- Најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката.

- Искуство во управување со договори за изведба и/или надзор на јавни згради.

- Искуство во управување и реализација на договори за изведба, надзор, проектирање и ревизија на училишта и/или други училишни објекти ќе се смета за предност.

- Познавање на англиски јазик (пишан и говорен).

- Работа со компјутери (MS Office и AutoCAD).

- Возачка дозвола Б категорија.

 

Покрај наведените критериуми за позицијата избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:

- Висок професионален однос;

- Одлични комуникациски, организациски и аналитички вештини;

- Способност за тимска работа, исполнителност и посветеност на работните задачи;

- Проактивност и способност за решавење проблеми;

- Ориентираност кон странките/засегнатите страни;

- Способност за управување со време, приоритети и работа под притисок;

 

Заинтересираните лица/кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:

- кратка биографија на македонски јазик (CV) и

- писмо за изразување интерес на македонски јазик.

 

Кратката биографија (CV) задолжително содржи податок за бројот на стекнати ЕКТС кредити за образованието или степенот на стекнато образование.

 

Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните услови од овој оглас се одбиваат.

 

Апликациите треба да се достават најдоцна до 01.03.2026 година, на mail: andrej.leonidov@mon.gov.mk

 

Со кандидатите кои ги исполнуваат мининалните критериуми, комисијата ќе закаже задолжително интервју.

Мени за пристапност