Министерството за образование и наука и локалните самоуправи континуирано работат на создавање подобри услови за одвивање на воспитно-образовниот процес. Во општина Крушево во завршна фаза е постапката за урбанизација на населеното место Норово, по што ќе следи подготовка на проектна документација и продолжување на градежните работи за довршување на училишниот објект.
За ова, заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани беше информиран при посетата на општина Крушево. На средбата со градоначалникот на Крушево Нико Чонески беа разгледани образовните политики, состојбата и условите во училиштата, како и предизвиците со кои се соочуваат учениците и образовните институции. Во рамки на посетата, министерот и градоначалникот ги посетија и училиштата во Норово, Алданци и Врбоец.