Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Сулејмани се обрати на Меѓународниот семинар за албанологија

Заменик министерот Сулејмани се обрати на Меѓународниот семинар за албанологија
На Универзитетот во Тетово се одржува јубилејното 20-то издание на Меѓународниот семинар за албанологија, на тема „Албански јазични, книжевни, историски и културни случувања“. Со учество на истражувачи, професори, академици и албанолози од земјата и странство, семинарот е значаен простор за академски дијалог, размена на знаења и меѓународна соработка.
Заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани во обраќањето ја нагласи важноста на инвестирањето во научно-истражувачката дејност, во новите генерации истражувачи и во создавањето мостови на соработка меѓу универзитетите и истражувачките центри во земјата и во странство. Она што го чуваме како наследство, треба да го проучуваме, развиваме и да им го пренесеме на новите генерации преку знаење и академска работа.
Програмата на семинарфот опфаќа 143 научни трудови, со учество на 163 автори и коавтори, распоредени во пет сесии: лингвистика, литература, историја, етнокултура како и новинарство и медиуми.

Мени за пристапност