Министерството за образование и наука споделува информација од Канцеларијата на Американски совети за можност за аплицирање на потенцијални семејства домаќини во рамки на YES Abroad програмата.
YES Abroad програмата е спонзорирана од Стејт Департментот на САД и обезбедува стипендии за квалификувани американски средношколци да учат и да живеат во странство во одбрани држави, меѓу кои и во Македонија, за една учебна година.
Канцеларијата на Американски совети е во потрага по семејства во Скопје кои би сакале да бидат семејство-домаќин на ученик на размена од САД.
Повеќе информации, на наведените контакти: