Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во Драч промовиран регионален проект за усогласување на стручното образование со потребите на пазарот на труд

Во Драч промовиран регионален проект за усогласување на стручното образование со потребите на пазарот на труд

Заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани се обрати на отворањето на регионалниот проект „VET2WORK – Усогласување на стручното образование и обука со потребите на пазарот на трудот“, како и на Првиот регионален политички дијалог, во Драч, Република Албанија. На настанот учествуваше и директорот на Центарот за развој на стручното образование Бесник Зендели.

Проектот е поддржан од Австриската агенција за развој (ADA) и Австриската агенција за образование и интернационализација (OEAD), и има за цел да ги зајакне системите за стручно образование и обука (СОО) во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, со посебен фокус на туризмот и земјоделството.

Сулејмани ја нагласи важноста на зајакнувањето на стручното и дуалното образование, проширувањето на практичната обука во компаниите и создавањето посилни партнерства меѓу стручните училишта и бизнис-секторот. При тоа, посебно внимание посветуваме на  развојот на дигиталните и зелените компетенции, како и на создавањето еднакви можности за сите млади, особено за девојките и младите од руралните средини.

„Силно верувам дека стручното образование не треба да се смета за избор од втор ред, туку како важен пат кон професионален успех, вработување и економски развој“, рече заменик министерот Сулејмани, додавајќи дека преку регионална соработка и меѓународни партнерства создаваме повеќе можности за младите генерации и обезбедуваме квалификувани кадри, во согласност со потребите на современата економија.

Инвестирањето во вештините на младите е инвестиција во иднината на нашата држава.

Мени за пристапност