Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Сулејмани се обрати на Меѓународниот симпозиум за настава по турски јазик и туркологија на Балканот

Заменик министерот Сулејмани се обрати на Меѓународниот симпозиум за настава по турски јазик и туркологија на Балканот

Заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани се обрати на 5. Меѓународен симпозиум за наставата по турски јазик и туркологија на Балканот, на тема „Народната литература и усната култура на Балканот“. 


„Турскиот јазик и култура се неразделен дел од нашето заедничко наследство. Народната литература и усната традиција ја претставуваат колективната меморија на нашите народи. Преку приказните, песните, легендите и поговорките ги зачувуваме вредностите, искуствата и мудроста на генерациите, истовремено зајакнувајќи го дијалогот и меѓукултурното разбирање“, рече Сулејмани. 

Тој нагласи дека Министерство за образование и наука останува посветено на унапредувањето на квалитетното образование, повеќејазичноста, зачувувањето на културното наследство и зајакнувањето на меѓународната академска соработка. Јазиците и културите не нè разделуваат, туку нè збогатуваат и нè приближуваат едни кон други.

Мени за пристапност