Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Продолжува јавната расправа за новата Концепција за гимназиско образование, директорите согласни за нужноста од темелни промени

Продолжува јавната расправа за новата Концепција за гимназиско образование, директорите согласни за нужноста од темелни промени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска имаше онлајн средба и дискусија со директорите и вработените во гимназиите за новиот предлог на Концепција за гимназиско образование. Концепцијата е унапредена со цел појасно да се дефинира улогата и значењето на гимназиското образование во националниот воспитно - образовен систем.

 

Директорите се согласни дека треба да се направат темелни промени во гимназиското образование затоа што постојниот модел веќе не одговара на потребите на учениците и на динамиката на општествениот развој. Гимназијата треба да го задржи општообразовниот карактер преку задолжителните предмети, со кои сите ученици ќе стекнат темелни знаења од природните и општествените науки, како и од хуманистичките дисциплини и уметностите. Согласно современите образовни практики, учениците добиваат можност и да избираат одредени предмети или содржини според своите интереси - дигитализација, медиумска писменост и повеќе други, кои ќе им овозможат да истражат повеќе пред да се насочат во некоја област.

Сите заинтересирани за гимназиското образование можат да учествуваат во јавната дебата со доставување на предлози и сугестии по електронска пошта на адресата:

javnarasprava@bro.gov.mk

Мени за пристапност