Националната комисија за учебници одржа нова седница на која беа разгледани и усвоени повеќе одлуки за одобрување на учебници согласно Законот за учебници за основно и средно образование.
Во согласност со реформските процеси и политиките на Министерството за образование и наука, во учебната 2026/2027 година учениците ќе добијат нови учебници по одредени предмети за кои се изработени нови наставни програми. Конкретно, нови учебници ќе бидат обезбедени за учениците во осмо одделение во основното образование, како и за учениците во втора година гимназиско образование.
Министерството за образование и наука останува посветено на обезбедување квалитетни, современи и навремено достапни наставни материјали за сите ученици, како еден од клучните предуслови за успешно реализирање на воспитно-образовниот процес.
Изразуваме благодарност до членовите на Националната комисија за учебници за нивната професионалност, посветеност и одговорен пристап во работењето. Нивниот значаен придонес овозможи успешно надминување на предизвиците поврзани со обезбедувањето учебници и создаде услови учениците навремено да ги добиваат потребните наставни средства.