Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

Македонија е мала земја со економија која силно го чувствува импактот од секоја поголема глобална промена. Позитивните промени со задоволство ги прифаќаме, а за неповолните мораме навремено да бараме начини како најдобро да се заштитиме и да изградиме отпорен систем. Тоа можеме да го постигнеме исклучиво преку образованието и науката, бидејќи токму тие ги создаваат фактите, ги поттикнуваат иновациите, новите технологии и решенијата за одржлив развој.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешното потпишување меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Градежниот факултет и Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија, Универзитетот за применети науки во Келн и Универзитетот Ферн во Хаген. Соработката е воспоставена со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

„Циркуларната економија е современ концепт на живеење и работење кој нуди одговори на бројни општествени и глобални предизвици. преку рационално користење на ресурсите, намалување на отпадот, повторна употреба и создавање нова вредност преку иновации. Затоа, со големо задоволство ја поздравувам соработката на високообразовните установи кои ќе се заложат за проширување на примената на овој модел на економско однесување“, рече Јаневска.

Изрази очекувања дека размената на информации, студенти и професори и поддршката за унапредување на студиските програми, ќе им овозможи на универзитетите да градат генерации за кои принципите на циркуларната економија ќе претставуваат природен и единствено прифатлив модел на функционирање.

Токму тие млади луѓе, вклучувајќи се понатаму во бизнис секторот, академската и научната заедница и во институциите, ќе продолжат да ја шират оваа култура на одговорно и одржливо делување и ќе создаваат подобра иднина за себе, државата и глобалниот свет“, додаде министерката.

Мени за пристапност