Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите од Конкурсите за издавање на учебници за III и IV година средно стручно четиригодишно образование за предметите:
1. Уредување на шумите за 4-та година СТРУКА/СЕКТОР: ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА/ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО Образовни профили/квалификации: Шумарски техничар.
2. Организација на железнички сообраќај за 3-та година СТРУКА/СЕКТОР: СООБРАЌАЈНА/СООБРАЌАЈ,ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ Образовни профили/квалификации: Техничар за железнички сообраќај
Отварањето на шифрите за горенаведените наставни предмети ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр.54 - 13 кат на 22.05.2026 година (ПЕТОК) со почеток во 10 часот.