Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите од Конкурсите за издавање на учебници за III и IV година средно стручно четиригодишно образование за следните предмети:
1.Машини и опрема за IV година СТРУКА/СЕКТОР:МАШИНСКА/МАШИНСТВО Образовни профили/квалификации: Машински техничар.
2. Транспорт и животна средина (изборен) за III година СТРУКА/СЕКТОР:СООБРАЌАЈНА/СООБРАЌАЈ,ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ Образовни профили/квалификации: Техничар за транспорт и шпедиција, Техничар за патен сообраќај, Техничар за логистика во сообраќајот и Техничар за железнички сообраќај.
Отварањето на шифрите за горенаведените наставни предмети ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 - 13 кат на 29.10.2025 година ( СРЕДА) со почеток во 11 часот.