Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реконструирана гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Реконструирана гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово добиваат значително подобрени услови за настава, а наставници за работа. Објектот е реконструиран со поддршка на општествено одговорни компании, а денеска училиштето го посетија премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Биљал Касами. 

Честитајќи им на учениците и на наставниците, министерката рече дека во мандатот на актуелната Влада на територијата на Тетово ќе се реализираат 10тина инфраструктурни инвестиции во образованието.

„Со средства од МОН завршена е изградбата на ОУ „Рилиндија“ во Селце. Деновиве завршува реконструкцијата на Регионалниот центар за стручно образование и обука – „Моша Пијаде“, а неодамна е реконструирана спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“. Наскоро ќе ја обновиме и спортската сала во ОУ „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“, а во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ ќе се постават фотоволтаици“, рече Јаневска.

Министерката додаде и дека преку програмата на Владата за финансирање на капитални инфраструктурни проекти, во моментов во Тетово се реализираат три инвестиции во вкупна вредност од 255 милиони денари - изградба на училишен објект за ОУ „Гоце Стојчевски“, изградба на затворен базен во ОУ „Кирил и Методиј“ и изградба на спортска сала во ОУ „Наим Фрашери“.

„Продолжуваме да ја унапредување образовната инфраструктура, бидејќи е еден од клучните услови за квалитетен воспитно – образовен процес“, нагласи Јаневска.

Мени за пристапност