Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реакција на соопштение на политичката партија Левица

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Левица манипулира со информации и ги доведува во заблуда граѓаните, споделувајќи забелешки од ревизорски извештај за работењето на Министерството за образование и наука во време на претходната Влада, поточно извештај за 2023 година, а препишувајќи ги истите на актуелната.

 

Во интерес на вистината, должни сме да реагираме и да ja информираме јавноста за тоа. Сегашното раководство на Министерството за образование и наука, работејќи одговорно и транспарентно, постапува по сите препораки на државниот ревизор во посочениот извештај. Пред само неколку дена кога објавивме дека постапуваме по една од препораките на Државниот завод за ревизија која бара менување на моделот на финансирање на студентските домови, токму Левица реагираше негативно, барајќи да не се постапува. Денес истата партија го вели спротивното. Истиот ден излажаа и дека МОН го намалува бројот на студентските стипендии.

 

Работа на опозицијата е да критикува, но не и да лаже. Сега кога промените во образованието и науката се приоритет, се прават транспарентно и низ инклузивен процес, коректно е и тие да се вклучат. Иако веруваме дека тоа нема да се случи, еве, ја повикуваме политичката партија Левица, наместо да трошат време на куцкање измислици на социјалните мрежи, да предложат конкретни проекти со кои ќе се забрза напредокот на образованието.

 

Сегашното раководство на МОН со поддршка од Владата обезбеди рекорден буџет за образование и наука во оваа тековна година. Средствата се искористуваат согласно  приоритетите во програмата за работа, преку нови формули за финансирање на основното и средното образование, однапред дефинирани инфраструктурни инвестиции за кои во целост се запазуваат постапките за јавни набавки, а  високообразовните и научните установи конечно добија доволно средства за непречено одвивање на наставната дејност и за раздвижување на научно-истражувачката која со години беше запоставена.

 

Не со лаги, туку со конкретни дела се придонесува кон општото добро.

Мени за пристапност