На 29 октомври 2026 година, во конференциската сала на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа презентација на резултатите од научно-истражувачкиот проект „Траумата во литературата“, раководен од проф. д-р Ана Мартиноска и финансиски поддржан од Министерството за образование и наука со 3 милиони денари.
Во рамките на настанот беше промовиран и истоимениот Зборник на трудови, кој претставува финален резултат од истражувачката соработка на 28 истражувачи од земјава и странство. Преку своите научни прилози, Зборникот нуди повеќеслојни согледувања за претставувањето на траумата во македонската книжевност и нејзината актуелност во современите книжевни истражувања