Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 110/19, 154/19 и 121/24), Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно – истражувачките проекти односно програми („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13), Решението бр. 20-12314/1 од 18.09.2025 година за објавување на Конкурс за финансирање на заеднички научно – истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за период 2026 – 2028 година, бр.20-1234/2 од 18.09.2025 година, објавен врз основа на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка од 1.11.2008 година и Решението бр. 20-878/2 од 21.01.2026 година за објавување на повторен Јавен оглас за избор на независни рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите, по објавениот Конкурс за финансирање на заеднички научно-истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за периодот 2026-2028 година, бр. 20-12314/6 од 24.12.2025
ПОВТОРЕН ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на независни рецензенти кои ќе ги рецензираат научно-истражувачките проекти, по објавениот Конкурс за финансирање на заеднички научно - истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за периодот 2026 - 2028 година
Министерството за образование и наука, од пријавените кандидати, ќе изврши избор на независни рецензенти кои ќе ги рецензираат поднесените научно-истражувачки проекти, по Конкурсот за финансирање на заеднички научно - истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за периодот 2026 - 2028 година (во понатамошниот текст: рецензенти).
Рецензентите треба да бидат со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно-истражувачко подрачје, поле, односно област на истражување.
Предност ќе имаат рецензентите кои имаат меѓународно искуство и научни трудови објавени во последните пет (5) години, пред објавување на Јавниот оглас за рецензенти, во списание со фактор на влијание, реферирани во базите на Thomson Reuters или Scopus.
Пријавените рецензенти мора да бидат од следниве научно-истражувачки области, од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја и полиња според Меѓународната Фраскатиева класификација и Уредбата за утврдување на Научно – истражувачките полиња од трето ниво (области) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 91/2024), и тоа:
- 1.01.00.05 Анализа и диференцијални равенки
- 1.06.00.06 Ботаника
- 2.01.01.04 Земјотресно инженерство
- 2.02.00.05 Електроенергетика
- 2.03.00.09 Автоматика
- 2.07.02.01 Геологија и геофизика
- 2.07.02.02 Инженерство на работна средина
- 2.07.01.05 Контрола и управување на отпадни материјали
- 3.05.02.02 Фармакоинформатика
- 4.03.00.20 Терапија и здраствена заштита на животни
- 4.05.03.01 Квалитет и безбедност на храна
- 5.06.00.05 Применета политика
Право на пријавување на повторениот Јавен оглас имаат и рецензенти кои се од научно-истражувачко подрачје или поле на кои им припаѓа некоја од погоре наведените научно-истражувачки области.
Доколку нема пријавени рецензенти од погоре наведените научно-истражувачки области, ќе може да се изберат рецензенти од научно-истражувачко поле на кое му припаѓа некоја од погоре наведените научно-истражувачки области, а доколку нема пријавени рецензенти од соодветно научно-истражувачко поле, ќе може да се изберат рецензенти од научно-истражувачко подрачје на кое му припаѓа некоја од погоре наведените научно-истражувачки области.
Избраните рецензенти, предлог заедничките научно - истражувачки проекти, по објавениот Конкурс за финансирање на заеднички научно-истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за периодот 2026 - 2028 година (а до кои избраните рецензенти ке имаат пристап), ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:
Ø Придонесот во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;
Ø Оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
Ø Компетентност на главниот истражувач;
Ø Компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
Ø Придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
Ø Релевантноста на проектот во однос на утврдените цели;
Ø Конкуретноста за меѓународна соработка; и
Ø Остварливост на предлог-проектот (финансиска конструкција, можноста за примена на резултатите и сл.).
Секој од наведените критериуми за оценување, независните рецензенти го вреднуваат со оценка од еден (1) (најмала вредност) до пет (5) (најголема вредност). Проектот е позитивно оценет доколку добил средна оценка најмалку три запирка пет (3,5).
Во Министерство за образование и наука, врз основа на оценките на независните рецензенти, се прави ранг - листа на позитивно оценетите проекти.
Висината на средствата за надомест за работата на рецензентите изнесува 6.000,00 денари во вкупен нето износ, по рецензиран проект.
Кандидатите за рецензенти пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација, утврдена во овој повторен Јавен оглас за избор на рецензенти, на интернет платформата http://e-uslugi.mon.gov.mk, и тоа:
- Кратка биграфија – CV (општи податоци за кариерен равој, учество на конференции и други настани од научен карактер, меѓународно искуство во делот на истражување, евалуација на проекти, објавени трудови во научни списанија во државата и пошироко и сл.);
- Изјава за обработка на лични податоци;
Во постапката за оценување на пријавените заеднички научно - истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија за периодот 2026 - 2028 година, според објавениот Конкурс за финансирање на заеднички научно -истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за периодот 2026 - 2028 година, рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на судир на интереси).
Крајниот рок за доставување на електронската пријава со прикачената соодветна документација е 01.02.2026 година.
Некомплетни или ненавремено доставени електронски пријави нема да бидат разгледувани.