Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за учество во унапредување на содржината на учебниците од прво до трето одделение

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Во насока на подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност, да ги достават забележаните грешки во учебниците за учениците во основното образование од I до III одделение.

Забелешките се доставуваат со пополнување на образец кој е достапен на следниот линк и во кој треба да се наведен учебникот, наставниот предмет, авторот/авторите, одделението, наставниот јазик и увидената грешка, со страницата на којашто се наоѓа.

Образецот се доставува на следните електронски адреси - bro.macedonia@bro.gov.mk и robert.adzipetrov@mon.gov.mkнајдоцна до 15 декември 2024 година.

Мени за пристапност