Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за финансирање на истражувања насочени кон решенија за одржлив развој

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

 

Министерството за образование и наука споделува дека Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската национална научна фондација (SNSF) отворија повик за достава на предлози во рамки на програмата SOR4D (Solution Oriented Research for Development), која има за цел да произведе знаења и иновативни практични решенија за одржлив развој преку трансдисциплинарни истражувања.

 

Повикот е отворен од 19 јануари до 18 мај 2026 година и е наменет за меѓународни конзорциуми со учество на швајцарски институции и партнери од земји во развој.

 

Повеќе информации се достапни на следниот линк.

Мени за пристапност