Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар (средно образование)

Министерството за образование и наука Ве информира дека согласно член 24-а став (12 и 13) од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.229/20 и 78/25), за освоено прво место на натпревар на државно ниво на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда. Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Електронската пријава од ученикот, односно од неговиот наставник се пополнува на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, при пополнување на електросната пријава во прилог ги доставува и следните документи:

-Потврда за ученикот дека е редовен ученик во средно училиште;

-Потврда за наставникот дека е вработен во средно училиште;

-Диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за ученикот;

-Пофалница за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за наставникот;

-Трансакциска сметка за ученикот (трансакциската сметка да биде на име на ученик, а не на име на родител);

-Трансакциска сметка за наставникот;

-Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител-старател и

-Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од наставникот.

Мени за пристапност