Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Потсетување за корисници на ученички стипендии

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука
Почитувани корисници на ученички стипендии,

Министерството за образование и наука ве потсетува дека наскоро истекува рокот за доставување на потребните документи за продолжување на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години.

Како што претходно ве известивме, крајниот рок за електронско доставување на документите е 30.09.2026 година.

За продолжување на стипендијата, сите ученици кои ги исполнуваат договорните услови потребно е на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да ги прикачат следните документи:

  • Потврда за редовен ученик за учебната 2026/2027 година;
  • Последното свидетелство.

Ве повикуваме навремено да ја комплетирате постапката, бидејќи по истекот на рокот, односно по 30 септември 2026 година, системот за аплицирање ќе биде затворен.

За сите дополнителни информации или прашања, можете да се обратите на е-поштата: ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.

 

Мени за пристапност