Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, со седиште на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: Министерство за образование и наука), е одговорно за мобилната апликација mEsaured (во понатамошниот текст: mEsaured).
mEsaured е мобилна апликација наменета за наставници, која овозможува безбеден пристап до образовни информации и извршување на активности поврзани со наставниот процес. Апликацијата комуницира со системот е-Дневник преку официјален програмски интерфејс (API), преку кој се преземаат и ажурираат податоци согласно корисничките овластувања и правилата утврдени за системот е-Дневник.
Преку mEsaured, овластените наставници можат, во рамките на своите овластувања, да прегледуваат податоци за ученици и паралелки, да внесуваат и ажурираат оценки, да евидентираат часови и изостаноци, да прегледуваат распоред и да внесуваат распоред на писмени работи.
Со оваа Политика за приватност се објаснува начинот на кој се пристапува до личните податоци, начинот на нивното користење, заштита и чување во рамки на користењето на апликацијата mEsaured.
Со користењето на mEsaured и прифаќањето на оваа Политика за приватност, корисникот потврдува дека е запознаен со начинот на обработка на личните податоци опишан во оваа Политика.
За прашања во врска со оваа Политика за приватност, обработката на личните податоци или остварувањето на правата за заштита на личните податоци, корисникот може да се обрати до Офицерот за заштита на личните податоци во Министерството за образование и наука.
I. Цел на обработката на личните податоци
mEsaured обработува лични податоци со цел на овластените наставници да им овозможи безбеден пристап до податоци и функционалности поврзани со наставниот процес и со извршувањето на нивните наставни обврски во системот е-Дневник.
Главните цели на обработката се:
- Пристап до образовни информации: mEsaured овозможува наставникот да прегледува информации поврзани со учениците, паралелките, предметите и наставните активности за кои има соодветно овластување.
- Преглед на податоци за ученици: Апликацијата овозможува преглед на податоци за ученици кои се поврзани со паралелките и предметите за кои наставникот има соодветно овластување во системот е-Дневник.
- Внесување и ажурирање оценки: Наставникот може да внесува оценки и, во рамките на дозволениот период и утврдените правила, да врши промена на внесените оценки. Правата и ограничувањата за внесување и промена на оценките се определени согласно правилата и политиките што се применуваат во системот е-Дневник.
- Евидентирање на часови и изостаноци: mEsaured овозможува евидентирање на реализирани часови и изостаноци на учениците во рамките на овластувањата на наставникот и правилата на системот е-Дневник. Кога тоа е дозволено согласно правилата на системот, наставникот може да изврши и соодветна промена или бришење на евидентиран изостанок.
- Преглед на распоред: Апликацијата овозможува наставникот да го прегледува својот распоред и други релевантни информации за наставниот процес.
- Внесување распоред на писмени работи: Кога е достапна соодветната функционалност, наставникот може да внесува податоци поврзани со распоредот на писмени работи.
- Автентикација и одржување на корисничка сесија: Личните и корисничките податоци се обработуваат за проверка на идентитетот на наставникот, воспоставување безбедна комуникација со системот е-Дневник и одржување на корисничката сесија.
- Безбедност и следење на активности: Одредени податоци поврзани со пристапот и извршените операции може да се евидентираат во системски логови заради безбедност, контрола, следење на активности, откривање на неовластени активности и обезбедување на следливост на промените.
- Исполнување на законски и институционални обврски: Личните податоци може да се обработуваат кога тоа е потребно за исполнување на законски обврски, правила на системот е-Дневник или валидно барање од надлежен орган.
II. Лични податоци и начин на нивно прибирање
Во зависност од достапните функционалности, mEsaured може да пристапува до и да обработува следните категории податоци:
Податоци за наставникот и корисничкиот профил:
- име и презиме;
- корисничко име;
- податоци потребни за идентификација и автентикација;
- UserID и TeacherID;
- податоци за училиштето и наставните овластувања;
- податоци за учебната година;
- јазик и јазични поставки;
- адреса на електронска пошта, кога е достапна;
- телефонски број, кога е достапен;
- датум на раѓање, кога е достапен;
- адреса, кога е достапна;
- други податоци потребни за функционирање на корисничкиот профил.
Податоци за учениците:
mEsaured може да пристапува до лични и образовни податоци за учениците за кои наставникот има соодветно овластување, вклучително:
- име и презиме;
- оценки и други образовни резултати;
- податоци за присуство и изостаноци;
- податоци поврзани со однесувањето;
- податоци поврзани со наставниот процес и паралелката.
Образовните податоци за учениците се преземаат од системот е-Дневник преку API и не се наменети за трајно локално чување во мобилната апликација.
Податоците кои се прикажуваат или ажурираат преку mEsaured потекнуваат од системот е-Дневник, а нивното внесување, одржување и користење се врши согласно овластувањата и правилата утврдени за системот.
III. Кориснички профил и автентикација
mEsaured не овозможува самостојно креирање нов кориснички профил директно преку мобилната апликација.
Пристапот до апликацијата се овозможува преку механизмот за автентикација воспоставен за системот е-Дневник.
За автентикација на корисникот, апликацијата комуницира со официјалниот API и ги испраќа потребните податоци за автентикација, вклучително корисничко име и лозинка.
Комуникацијата со API се врши преку безбедна HTTPS врска.
По успешната автентикација, системот може да обезбеди Access Token и Refresh Token кои се користат за воспоставување и одржување на безбедна корисничка сесија и за пристап до овластените API функционалности.
За да овозможи повторна автентикација и одржување на корисничката сесија без постојано рачно внесување на лозинката, mEsaured локално ги чува податоците потребни за повторна најава, вклучително и лозинката внесена од корисникот.
Лозинката се користи за потребите на автентикацијата и одржувањето на корисничката сесија и не се користи за рекламни или други независни цели.
Корисникот е должен да ги чува своите податоци за пристап и да преземе разумни мерки за заштита на својот мобилен уред и корисничката сесија.
IV. Пристап до податоци за учениците
mEsaured е дизајниран така што наставникот може да има пристап само до податоците за учениците, паралелките и предметите за кои има соодветно овластување во системот е-Дневник.
Овластувањето и ограничувањето на пристапот се контролираат на серверска страна преку API и системот е-Дневник.
Апликацијата не овозможува наставникот самостојно да добие пристап до податоци за ученици или паралелки за кои нема соодветно овластување.
Идентификаторите на корисници, наставници, ученици, паралелки и други записи може да се користат како параметри во API барањата, согласно потребите на конкретната операција.
V. Користење и споделување на личните податоци
mEsaured ги обработува личните податоци првенствено за обезбедување на функционалностите поврзани со наставниот процес и системот е-Дневник.
Личните податоци достапни преку mEsaured не се продаваат, изнајмуваат или користат за рекламни цели.
Личните податоци не се објавуваат јавно преку апликацијата.
mEsaured не ги отстапува личните податоци на трети лица за нивни сопствени независни цели.
Комуникацијата помеѓу mEsaured и системот е-Дневник се врши преку официјалниот API. Апликацијата не воспоставува директна комуникација со базата на податоци на системот е-Дневник, туку комуницира со серверската страна преку API.
Личните податоци може да бидат доставени до надлежни државни органи доколку тоа е предвидено со закон или врз основа на валидно законско барање.
Доколку за функционирањето, одржувањето или безбедноста на системот се користат технички даватели на услуги, нивниот пристап до личните податоци е ограничен на податоците кои се неопходни за извршување на соодветната услуга и се врши согласно применливите правила за заштита на личните податоци.
VI. Чување на личните податоци
mEsaured користи локална SQLite база на мобилниот уред за чување на податоци неопходни за функционирањето на корисничкиот профил и корисничката сесија.
Локално може да се чуваат податоци како што се:
- идентификациски податоци за наставникот;
- корисничко име;
- име и презиме;
- податоци за јазикот;
- податоци за избраната учебна година;
- податоци од корисничкиот профил;
- податоци потребни за одржување на сесијата;
- Access/Refresh токени, согласно механизмот за автентикација;
- податоци потребни за повторна автентикација, вклучително лозинката внесена од корисникот.
Локалната база не се испраќа како целина до серверот. При комуникацијата со API се испраќаат само параметрите потребни за конкретното барање и операција.
Податоците за учениците, оценките, изостаноците и другите образовни записи не се наменети за трајно локално чување во mEsaured. Тие се преземаат од серверот преку API кога се потребни за прикажување или извршување на соодветна операција.
Официјалните образовни податоци се чуваат и одржуваат во системите на е-Дневник согласно правилата и роковите што се применуваат за тие податоци.
При одјавување на корисникот преку апликацијата, локалниот запис поврзан со корисничкиот профил се брише од локалната база. Структурата на локалната база останува достапна за повторно користење при следната најава.
Рокот на чување на податоците на серверската страна зависи од видот на податоците, целта за која се обработуваат и применливите законски, институционални и системски правила.
VII. Точност, исправка и ажурирање на личните податоци
mEsaured овозможува внесување и ажурирање на одредени официјални образовни податоци согласно овластувањата на наставникот и правилата на системот е-Дневник.
Наставникот може да внесува оценки и, кога тоа е дозволено согласно утврдениот период и правилата на системот, да врши нивна промена.
mEsaured не овозможува произволно бришење или менување на оценките. Можноста за промена на оценката е ограничена согласно правилата и временските периоди определени во системот е-Дневник.
Наставникот може да евидентира часови и изостаноци во рамките на своите овластувања. Во случаи во кои тоа е дозволено со правилата на системот, наставникот може да изврши соодветно бришење или промена на изостанок.
Правата и ограничувањата за внесување, промена или бришење на образовни податоци се определени согласно политиките и правилата на Министерството за образование и наука и се применуваат преку системот е-Дневник и неговиот API.
Доколку податоците прикажани во mEsaured се неточни или треба да се променат надвор од функционалностите достапни на наставникот, исправката се врши преку соодветните постапки и системи во кои се одржуваат официјалните податоци.
VIII. Евиденција и логирање на активности
Активностите извршени преку mEsaured и API комуникацијата може да се евидентираат во соодветни системски логови заради безбедност, контрола и следливост на активностите.
Во зависност од видот на активноста, логовите може да содржат податоци како:
- идентификација на корисникот;
- IP адреса;
- датум и време на активноста;
- тип на корисник;
- вид на извршена операција;
- податоци поврзани со конкретната операција.
За операции со кои се врши промена на официјални податоци, дополнителната евиденција на промените се врши согласно правилата и барањата применливи за централниот систем на Министерството за образование и наука.
Во зависност од видот на операцијата, централниот систем може да ја евидентира состојбата на податоците пред и по извршената промена, со цел да се обезбеди соодветна следливост и историја на промените.
IX. Безбедност на податоците и комуникацијата
Министерството за образование и наука применува соодветни технички и организациски мерки со цел заштита на личните податоци од неовластен пристап, промена, откривање, губење или други форми на неовластена обработка.
Комуникацијата помеѓу mEsaured и API се врши преку HTTPS.
Пристапот до заштитените API функционалности се врши преку механизми за автентикација и токени за пристап и обновување на сесијата.
mEsaured испраќа само параметри потребни за конкретното API барање. Апликацијата не воспоставува директен пристап до базата на податоци на е-Дневник.
Пристапот до податоците за учениците е ограничен преку серверските механизми за овластување, така што наставникот може да пристапува само до податоците за паралелките и учениците за кои има соодветно овластување.
Корисникот, исто така, треба да преземе разумни мерки за заштита на својот мобилен уред, корисничките податоци и пристапот до апликацијата.
X. Податоци за деца и ученици
mEsaured може да обработува лични и образовни податоци за ученици бидејќи основната цел на апликацијата е да им овозможи на овластените наставници извршување на активности поврзани со наставниот процес.
Податоците за учениците може да вклучуваат име и презиме, оценки, изостаноци и податоци поврзани со однесувањето, како и други податоци неопходни за конкретните наставни функционалности.
Пристапот до овие податоци е ограничен на наставниците кои имаат соодветно овластување во системот е-Дневник.
Овластувањето се проверува на серверска страна. mEsaured не овозможува наставникот самостојно да пребарува или да добива податоци за ученици кои не се поврзани со неговите овластени паралелки и наставни активности.
Податоците за учениците се преземаат од системот е-Дневник преку API и не се наменети за трајно локално чување во мобилната апликација.
XI. Права на корисникот
Согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, корисникот може да ги остварува следните права, во зависност од конкретниот случај и условите предвидени со закон:
- право на пристап до личните податоци;
- право на исправка на неточни или нецелосни лични податоци;
- право на бришење на личните податоци, кога се исполнети законските услови;
- право на ограничување на обработката, кога се исполнети законските услови;
- право на приговор на одредени начини на обработка;
- право да добие информации за начинот на кој се обработуваат неговите лични податоци; и
- право да поднесе барање или претставка до надлежниот орган за заштита на личните податоци.
Барањата кои се однесуваат на личните податоци што се дел од официјалните образовни евиденции може да подлежат на постапките и законските услови што се применуваат за тие евиденции.
XII. Прекин на пристапот и бришење на локалните податоци
Корисникот може да престане со користење на mEsaured и да се одјави од апликацијата.
При одјавување, локалниот запис за корисничкиот профил во апликацијата се брише, вклучително и податоците кои се користат за воспоставување на корисничката сесија.
Бришењето на локалниот кориснички запис од mEsaured не значи автоматско бришење на корисничкиот профил или официјалните образовни податоци од системот е-Дневник.
Официјалните податоци за наставникот, учениците и наставниот процес се чуваат во системот е-Дневник согласно важечките правила и законските обврски.
XIII. Повлекување на согласност и прекин на обработката
Доколку обработката на личните податоци се заснова на согласност, корисникот може да ја повлече дадената согласност во секое време, согласно условите предвидени со важечките прописи.
Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката која била извршена пред нејзиното повлекување.
Барање за прекин на користењето на mEsaured или суспендирање на корисничкиот пристап може да се поднесе преку официјалниот контакт определен од Министерството за образование и наука.
Суспендирањето или прекинот на пристапот до mEsaured не значи автоматско бришење на официјалните податоци од системот е-Дневник, доколку нивното чување е задолжително согласно закон или применливите институционални правила.
XIV. Измени на Политиката за приватност
Министерството за образование и наука може да ја измени или ажурира оваа Политика за приватност кога тоа е потребно, вклучително и поради промени во функционалностите на mEsaured, промени во важечките прописи или промени во начинот на обработка на личните податоци.
За значајни измени, кога тоа е соодветно, корисниците ќе бидат информирани преку апликацијата или преку друг соодветен начин на известување.
Ажурираната верзија на Политиката за приватност ќе се применува од датумот наведен во објавената верзија.
XV. Контакт и поднесување барање или претставка
За прашања, барања или забелешки поврзани со обработката на личните податоци преку mEsaured, корисниците може да се обратат до Офицерот за заштита на личните податоци во Министерството за образование и наука, преку официјалните контакт-податоци на Министерството.
Доколку корисникот смета дека е повредено неговото право на заштита на личните податоци, може да го оствари своето право на поднесување барање или претставка до надлежниот орган за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, согласно важечките прописи.
XVI. Стапување во сила
Оваа Политика за приватност се применува при користењето на мобилната апликација mEsaured и стапува во сила од денот на нејзиното објавување.