Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана за информативна сесија за регионалната програма за размена на средни училишта од Западен Балкан - „Суперучилишта“

Покана за информативна сесија за регионалната програма за размена на средни училишта од Западен Балкан - „Суперучилишта“

Регионалната кацеларија за младинска соработка (RYCO) во соработка со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) го отпочна новиот циклус на регионалната програма за размена на средни училишта од Западен Балкан насловена „Суперучилишта“.

Од 2021 година кога започна проектот, RYCO поддржа 77 билатерални партнерства на средни училишта од регионот и ја овозможи размената на околу 1840 средношколци преку 154 организирани размени. Во текот на програмата, 308 наставници од средните училишта од регионот ги зајакнуваат своите капацитети во тематските области на RYCO, неформалното образование и управувањето со проекти. Понатаму, дополнителни 3688 млади луѓе беа индиректно вклучени преку локални теренски активности организирани од училиштата.

Новиот циклус на програмата „Суперучилишта“ предвидува поддршка на 100 средни училишта од Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово* и Црна Гора. За таа цел, канцеларијата на RYCO во Северна Македонија организира 3 (три) информативни сесии, од кои 2 со физичко присуство во Гостивар и Скопје, и една онлајн на платформата Microsoft Teams.

На информативните сесии се поканети наставници од наставниот кадар и/или претставници од стручните служби на средните училишта во државата. Вашиот интерес за учество во информативните сесии можете да го изразите преку пополнување на формуларот: https://forms.office.com/e/5g2zTw8fe2.

Патните трошоци се покриени од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Деталните логистички информации ќе бидат споделете по Вашата регистрација, на контакт адресата.

Информативните сесии имаат за цел да ги поддржат средните училишта да се инспирираат, да воспостават регионално партнерство и да се трансформираат во „Суперучилишта“. За дополнителни прашања: north.macedonia@rycowb.org 

Мени за пристапност