Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен оглас за избор на независни рецензенти кои ќе ги рецензираат научно-истражувачките проекти помеѓу Македонија и Австрија, за периодот 2026 - 2028 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 110/19, 154/19 и 121/24), Правилник за начинот и постапката за финансирање на научно – истражувачките проекти односно програми („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/09, 149/09, 34/11 и 129/13), Решението бр. 20-12314/1 од 18.09.2025 година за објавување на Конкурс за финансирање на заеднички научно – истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија за период 2026 – 2028 година бр.20-1234/2 од 18.09.2025 година, објавен врз основа на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка од 1.11.2008 година и Решение бр. 20-12314/3 од 11.12.2025 година за објавување на Јавен оглас за избор на независни рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за финансирање на заеднички научно-истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија за периодот 2026-2028 година, министерката за образование и наука распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на независни рецензенти кои ќе ги рецензираат научно-истражувачките проекти по објавениот Конкурс за финансирање на заеднички научно - истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за периодот 2026 - 2028 година

 

Министерството за образование и наука, од пријавените кандидати, ќе изврши избор на независни рецензенти кои ќе ги рецензираат поднесените научно-истражувачки проекти, по Конкурсот за финансирање на заеднички научно - истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за периодот 2026 - 2028 година (во понатамошниот текст: рецензенти).

Рецензентите треба да бидат со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно-истражувачко подрачје, поле, односно област на истражување.

Предност ќе имаат рецензентите кои имаат меѓународно искуство и научни трудови објавени во последните пет (5) години, пред објавување на Јавниот оглас за рецензенти, во списание со фактор на влијание, реферирани во базите на Thomson Reuters или Scopus.

Пријавените рецензенти мора да бидат од следниве научно-истражувачки области, од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја и полиња според Меѓународната Фраскатиева класификација и Уредбата за утврдување на Научно – истражувачките полиња од трето ниво (области) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 91/2024), и тоа:

- 1.02.00.01 Компјутерски науки

- 1.01.00.05 Анализа и диференцијални равенки

- 1.06.00.06 Ботаника

- 2.01.01.04 Земјотресно инженерство

- 2.02.00.05 Електроенергетика

- 2.02.00.14 Компјутерси технологии и инженерство

- 2.03.00.09 Автоматика

- 2.07.02.01 Геологија и геофизика

- 2.07.02.02 Инженерство на работна средина

- 2.07.01.05 Контрола и управување на отпадни материјали

- 3.05.02.02 Фармакоинформатика

- 4.03.00.20 Терапија и здраствена заштита на животни

- 4.05.03.01 Квалитет и безбедност на храна

- 5.06.00.05 Применета политика

- 6.02.01.16 Англиски јазик

 

Избраните рецензенти, предлог заедничките научно - истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија за периодот 2026 - 2028 година, со уредно потребната документација прикачена на порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk, од страна на апликантите – носителите на научно – истражувачкиот проект, согласно Конкурсот за финансирање на заеднички научно - истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија за периодот 2026 - 2028 година (а во кои ке имаат пристап избраните рецензенти), ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:

Ø Придонесот во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;

Ø Оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;

Ø Компетентност на главниот истражувач;

Ø Компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;

Ø Придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;

Ø Релевантноста на проектот во однос на утврдените цели;

Ø Конкуретноста за меѓународна соработка; и

Ø Остварливост на предлог-проектот (финансиска конструкција, можноста за примена на резултатите и сл.).

 

Секој од наведените критериуми за оценување, независните рецензенти го вреднуваат со оценка од еден (1) (најмала вредност) до пет (5) (најголема вредност). Проектот е позитивно оценет доколку добил средна оценка најмалку три запирка пет (3,5).

Во Министерство за образование и наука, врз основа на оценките на независните рецензенти, се прави ранг - листа на позитивно оценетите проекти.

Висината на средствата за надомест за работата на рецензентите изнесува 6.000,00 денари во вкупен нето износ, по рецензиран проект.

 

Кандидатите за рецензенти пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација, утврдена во овој Јавен оглас за избор на рецензенти, на интернет платформата https://e-uslugi.mon.gov.mk, и тоа:

 

 

- Кратка биграфија – CV (општи податоци за кариерен равој, учество на конференции и други настани од научен карактер, меѓународно искуство во делот на истражување, евалуација на проекти, објавени трудови во научни списанија во државата и пошироко и сл.);

- Изјава за обработка на лични податоци;

- Изјава од рецензент.

 

 

Во постапката за оценување на пријавените заеднички научно - истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија за периодот 2026 - 2028 година, според објавениот Конкурс за финансирање на заеднички научно -истражувачки проекти помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија, за периодот 2026 - 2028 година, рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на судир на интереси).

 

Некомплетни или ненавремено доставени електронски пријави нема да бидат разгледувани.

 

Кандидатите ја пополнуваат електронската пријава и ја прикачуваат соодветната документација на интернет платформата http://e-uslugi.mon.gov.mk, до 28.12.2025 година.

Мени за пристапност