Оглас за ангажирање лицe во проектаната единица за имплементација на проектот за изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија
Проектот изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија, кој се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците. Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.
Министерството за образовани и наука има потреба од ангажирање на 1 (едно) лице во проектната единица за имплементација на проектот на следнава позиција:
- Супервизор (1 лицe)
Минималните критериуми кои треба да ги исполнуваат лицата на наведената позиција се следниве:
1. Супервизор (1 лице):
- Високо образование– студии од областа на архитектурата најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Дипломиран Инженер Архитект).
- Најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката.
- Искуство во управување со договори за изведба и надзор на јавни згради.
- Искуство во управување или реализација на договори за изведба, надзор над изведба, проектирање и ревизија на училишта и/или други училишни објекти ќе се смета за предност.
- Познавање на англиски јазик (пишан и говорен).
- Работа со компјутери (MS Office и AutoCAD).
- Возачка дозвола Б категорија.
Покрај наведените критериуми за позицијата избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:
- Висок професионален однос;
- Одлични комуникациски, организациски и аналитички вештини;
- Способност за тимска работа, исполнителност и посветеност на работните задачи;
- Проактивност и способност за решавање проблеми;
- Способност за управување со време, приоритети и работа под притисок.
Заинтересирани лица / кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:
- кратка биографија на македонски јазик (CV) и
- писмо за изразување интерес на македонски јазик.
Кратка биографија (CV) задолжително содржи податок за бројот на стекнати ЕКТС кредити за образованието или степенот на стекнато образование.
Со кандидатите кои ги исполнуваат мининалните критериуми, Министерството за образование и наука ќе закаже интервју.
Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните услови од овој оглас се одбиваат.
Апликациите треба да се достават најдоцна до 31.12.2025 година на mail : andrej.leonidov@mon.gov.mk