Сите ученици и студенти кои се наоѓаат на ранг-листата за поврат на средства, потребно е во рок од 30 дена од нејзиното објавување на веб-страницата на Министерството, до МОН (Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје; канцеларија: 1101) да ги достават следните документи:
-
Трансакциска сметка (на која ќе се исплатат средствата);
-
Фискална сметка за купениот инструмент;
-
Нотарски заверена изјава со која се потврдува дека инструментот нема да биде продаден или отуѓен во следните 5 (пет) години.
Важна напомена:
-
Право на поврат на средства имаат само оние кои го купиле инструментот по објавувањето на Конкурсот.