Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Објавени прелиминарните резултати од августовското полагање на Државната матура

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Државниот испитен центар денеска ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на Државната матура 2026 година.

Резулатите освен на интернет страницата http://www.matura.gov.mk, се објавени и на огласните табли во училиштата.

Сите ученици кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Согласно упатството на Државниот испитен центар, приговорот, уплатницата и изјавата, кандидатот треба да ги достави лично, најдоцна до утре 20.08.2026 година до 16 часот до Училишната матурска комисија. Сите приговори пристигнати по наведениот рок или доставени на друг начин нема да бидат разгледувани.

Резултатите од разгледаните приговори ќе бидат истакнати на 26.08.2026 година, а увид во тестот, по поднесениот приговор може да се закаже на 27.08.2026 година од 09 до 14 часот. 

Мени за пристапност