Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Законите за високо образование и за обезбедување на квалитет во високото образование и науката – на увид на јавноста и достапни за коментари и сугестии  

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

 

Министерството за образование и наука потсетува дека новиот предлог Закон за високо образование и новиот предлог Закон за обезбедување на квалитет во високото образование и науката се објавени на владиниот ЕНЕР систем и достапни за забелешки и сугестии од страна на пошироката јавност.

Исто така коментари за подобрување на содржината на предлог законските решенија, можат да се доставуваат и на електронските адреси:

-        komentarizvo@mon.gov.mk за Законот за високото образование

-        komentarizkvon@mon.gov.mk за Законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката

Грижата за образованието е заедничка општествена одговорност. Ги охрабруваме сите засегнати и заинтересирани субјекти да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрите законски решенија кои ќе бидат основа за понатамошен развој на образовниот систем и на научно – истражувачката дејност во Македонија. 

Мени за пристапност