Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Награди за млади научници во рамките на Програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ за 2025 година

Министерство за образование и наука известува дека, во рамките на Програмата на УНЕСКО „Човек и биосфера“ се предвидуваат награди за млади научници за 2025 година. Подетални информации за овие награди можат да се добијат на следниот линк: https://en.unesco.org/mab/awards#yong-scientists.

Сите апликации, пред да бидат доставени до Секретаријатот на МАБ програмата, најнапред треба да бидат одобрени од Националниот комитет на МАБ програмата, за кој е надлежно Министерство за животна средина и просторно планирање и кој треба да потврди дека кандидатите ги задоволуваат критериумите за апликација за наградите, додека во државите каде не е формиран овој комитет, селекцијата ја врши Националната комисија за УНЕСКО.

Апликациите за МАБ наградите за 2025 години, треба да бидат доставени до УНЕСКО, најдоцна до 15 мај 2025 година.

Мени за пристапност