Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Нацрт Националната стратегија за образование 2026 – 2032 претставена пред Комисијата за образование, наука и спорт

Нацрт Националната стратегија за образование 2026 – 2032 претставена пред Комисијата за образование, наука и спорт

Националната стратегија за образование 2026 - 2032 е клучен стратешки документ за подобрување на квалитетот, инклузивноста и одржливоста на образовниот систем во Македонија. Нацрт-верзијата на Стратегијата како и Акциониот план за нејзина реализација, кои се во фаза на јавна расправа, денеска, на работна средба, беа презентирани пред собраниската Комисијата за образование, наука и спорт.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска пред членовите на Комисијата образложи дека поквалитетното образование треба да биде заедничка цел и приоритет а како клучно го наведе промовирањето на вредностите на знаењето и компетентноста на наставниците. Претседателката на Комисијата, Иванка Василевска, истакна дека оваа средба е важна за добивање појасна слика за Националната стратегија за образование за следниот шестгодишен период и можност за размена на мислења за овој стратешки документ, во насока на подобрување на текстот.

На средбата учествуваа и државната секретарка во Министерството за образование и наука Елена Ивановска, координаторката Ивана Батиниќ-Поповска и експерти кои ја изработија.

Мени за пристапност