Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МОН: Среќен почеток и успешна учебна 2025-2026 година!

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Министерството за образование и наука на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели.

Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат  истрајни во справувањето со предизвиците и на нив да гледаат како нови можности за лична надградба и просперитет.

До наставниците и сите вработени во училиштата изразуваме искрена благодарност и почит. Тие се столбот на образованието и заедно со родителите/старателите треба да продолжат да им го трасираат патот кон успехот на новите генерации.

Министерството за образование и наука и натаму ќе се заложува за квалитетно, современо и инклузивно образование за сите. Потребна е соработка и поддршка. Повикуваме на обединетост во градењето на училишта исполнети со знаење и почит, во градењето на средина во која младите ќе сакаат да останат и да го вложат својот потенцијал.

Среќно на сите!

Мени за пристапност