Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Конкурс за прием на студенти запишани во прва година на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука
Министерството за образование и наука известува дека согласно Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026 година, рокот за пријавување на студентите од I година почнува од 10.09.2025 година и трае до 17.09.2025 година.
 
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. 
 
Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 30.11.2025 година.
 

Мени за пристапност