Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за рецензенти на учебници за основно образование

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се со цел потикнување  на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предметот наведен во повикот

 

- Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за III одделение на деветгодишно основно образование

 

Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

 

За претседател:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

За член:

- да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-
уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

- потврда за работно искуство издадена од ПИОМ

- потврда од установата во која е вработен.


Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје


Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на  Министерството за образование и наука
- Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр.54,Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 13.02.2026 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

Мени за пристапност