Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за рецензенти на учебници за 3 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

 

Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се со цел потикнување  на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предмети наведени во повикот

 

Македонски јазик и литература за учениците од другите заедници за III година средно стручно четиригодишно образование,

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

 

1.       СТРУКА/СЕКТОР: ГЕОЛОШКО, РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА /ГЕОЛОГИЈА, РУДАРСТВО И МЕТАЛУРГИЈА

 

1.1 Образовен профил/квалификација: Металуршки  техничар

 

Добивање  на благородни метали (изборен)

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

 

1.2 Образовни профили/квалификации : Геолошко-рударски техничар

Геолошко картирање

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

Истражување на минерални суровини

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

Лежишта на метали (изборен)

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

 

2.СТРУКА/СЕКТОР:ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА/ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА

 

2.1 Образовни профили/квалификации: Геодетски техничар

Геодетски мерења и пресметувања

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

Катастар

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

 

3.СТРУКА/СЕКТОР: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИКА

3.1. Образовни профили/квалификации: Електротехничар-енергетичар

Обновливи извори на енергија (изборен)

ПРЕТСЕДАТЕЛ

3.2. Образовни профили/квалификации: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

 

Уредување на ВЕБ - страници

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Процесно управување

ПРЕТСЕДАТЕЛ

 

4.СТРУКА/СЕКТОР: ЗДРАВСТВЕНА/ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

4.1. Образовни профили/квалификации: Медицински-лабораториско –санитарен  техничар,

 

Клиничка хемија

ПРЕТСЕДАТЕЛ

5.СТРУКА/СЕКТОР:ЛИЧНИ УСЛУГИ

5.1. Образовни профили/квалификации: Техничар за очна оптика,

 

Офталмологија

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Оптички мерења

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Оптика на очилата и изработка на очила

ПРЕТСЕДАТЕЛ

 

6.СТРУКА/СЕКТОР:СООБРАЌАЈНА/СООБРАЌАЈ,ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ

6.1. Образовни профили/квалификации: Техничар за патен сообраќај

Организација на работењето

ПРЕТСЕДАТЕЛ

 

7.СТРУКА/СЕКТОР:ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА/ТЕКСТИЛ, КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

7.1 Образовен профил/квалификација:Техничар за дизајн на облека

Изработка и декорирање на модели

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

 

8.СТРУКА/СЕКТОР:ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА/ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО

8.1. Образовни профили/квалификации: Шумарски техничар

Шумско расадничарство

ПРЕТСЕДАТЕЛ

 

 

Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

За претседател:
- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

За член:
- да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република СевернаМакедонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-потврда за работно искуство издадена од
ПИОМ
- потврда од установата во која е вработен.


Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје


Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на  Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр.
54,Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 30.09.2026 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 

Мени за пристапност