|
Јавен повик за рецензенти на учебници за 1 година
Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се со цел потикнување на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предмети наведени во повикот
|
|
|
Ликовна уметност I година, средно стручно четиригодишно образование |
ПРЕТСЕДАТЕЛ |
|
Биологија (Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка, Лични услуги, Хемиско-технолошка струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование |
ЧЛЕНОВИ |
|
Современи технологии на економските сектори СЕКТО/СТРУКА: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА заеднички предмети за квалификаците/образовните профили електротехничар за електроника и телекомуникации електротехничар-енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика |
ПРЕТСЕДАТЕЛ |
|
Техничко цртање СЕКТОР/СТРУКА ТЕКСТИЛ,КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ/ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека,техничар за дизајн на облека, техничар за обувки, техничар за моделирање на обувки |
ПРЕТСЕДАТЕЛ |
|
Анатомија и физиологија 1 ГОД |
ПРЕТСЕДАТЕЛ |
Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
За претседател:
- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
За член:
- да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
- потврда за работно искуство издадена од ПИОМ
- потврда од установата во која е вработен.
Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје
Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на Министерството за образование и наука - Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр.54,Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 13.02.2026 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.