Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за рецензенти на учебници за 1 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се со цел потикнување  на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предмети наведени во повикот

 

Биологија (Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка, Лични услуги, Хемиско-технолошка струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образование

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ

Анатомија и физиологија 1 ГОД
ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ЗДРАВСТВЕНА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: медицинска сестра, гинеколошко-акушерска сестра, забен техничар, дентален асистент, фармацевтски техничар, медицински лабораториско-санитарен техничар, физиотерапевтски техничар

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕН

Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

За претседател:
- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

За член:
- да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), 
- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
- потврда за работно искуство издадена од 
ПИОМ
- потврда од установата во која е вработен.


Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје


Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на  Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр.
54,Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е  30.09.2026 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

Пријава

Мени за пристапност