Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за основни училишта

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

 

Врз основа на член 66 став (1), (2), (3), (4), (5) и (6) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 229/20, 3/25 и 74/25) и Правилникот за начинот на остварување на програмите за заштита од насилството, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, Министерството за образование и наука објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на средства на основните училишта за реализација на активности од програмите за заштита од насилството, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, програма за спречување на учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, за учебната 2025/2026 година

 

v На Јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилството, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, програми за спречување на учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, за учебната 2025/2026 година, можат да се јават сите општински и државни основни училишта (во понатамошниот текст: основни училишта).

v Министерството за образование и наука за учебната 2025/2026 година ќе додели средства на најмногу 30 основни училишта за реализација на активности од програмите за заштита од насилството, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, програми за спречување на учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, во висина до 60.000 денари, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

v Едно основно училиште може да се пријави на овој јавен повик и да добие финансиски средства за активности за една од програмите согласно Правилникот за начинот на остварување на програмите за заштита од насилството, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, согласно претходно направени анализи и проценки од стручните соработници на училиштето, предлози од ученичката заедница, училишниот одбор, советот на општината и Педагошката служба.

v Активностите од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции и малолетничка деликвенција треба да се структурирани согласно следната рамка:

 

1. Наслов на програмата

2. Усогласеност на програмата со законските одредби

Краток опис (100 до 150 зборови) на усогласеноста на предложената програма со законските одредби, односно дали:

- активностите се реализираат во соработка со општините/градот Скопје, и

- програмата ги следи потребите утврдени од училишниот одбор и советот на општината/градот Скопје и Педагошката служба.

3. Јасно дефинирани и остварливи цели

Се наведуваат целите на програмата, при што се внимава целите да бидат конкретни, мерливи, остварливи, реални и временски ограничени.

4. План за минимум три реализирани средби во рамки на една активност

Се прикажува краток план на активности, при што за секоја активност се планираат најмалку три средби на учесниците (ученици, вработени, родители/старатели). Се запишува временската рамка на реализација, поврзаноста на активноста со целите на програмата, како и кој ќе биде реализатор на активностите.

5. Примена на иновативен пристап (нови методи, техники, креативни пристапи)

Се опишува текот на активноста од аспект на употреба на иновативни методи, интерактивни алатки и креативни пристапи при реализацијата, со активно учество на учесниците вo програмите. Се запишува и доколку активностите вклучуваат и вмрежување на училиштето со други субјекти (институции, граѓански организации, други училишта, медиуми и сл.)

6. Конкретни резултати/продукти

Се запишуваат очекуваните резултати/продукти од реализацијата на активностите во програмата и како истите ќе се промовираат. Притоа се внимава, тие да бидат јасно формулирани и поврзани со целите на програмата, мерливи и остварливи.

7. Вклученост на ученици

Се дава приказ на вкупниот број на ученици вклучени во активностите. Се запишува процесот на избор на учениците за учество во активностите.

8. Вклученост на вработени

Се дава приказ на вкупниот број на вработени вклучени во активностите. Се запишува процесот на избор на вработени за учество во активностите.

9. Вклученост на родители/старатели

Се дава приказ на вкупниот број на родители/старатели вклучени во активностите. Се запишува процесот на избор на родители/старатели за учество во активностите.

10. Одржливост на активностите

Се запишува какви активности се планираат да се реализираат по завршување н активностите кои би биле поддржани од грантот. Се запишува и како истите се поврзани со целите на програмата.

 

11. Буџет и економичност

Се запишуваат вкупните трошоци потребни за реализација на активностите. Потоа, се наведуваат видовите на трошоци по ставки. За секоја ставка од трошоците се запишуваат следните податоци:

Вид на трошок - количина - единечна цена - вкупно.

12. Евалуација и мерење на резултати

Се опишува методологијата за следење и евалуација на активностите, со јасно наведени индикатори, начини на мерење и анализа на постигнатите резултати и промени.

Основното училиште, најдоцна до 19.12.2025 година треба да достави електронска Пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk

v Комисијата формирана од Министерката за образование и наука ќе објави список на основни училишта добитници на средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилството, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, програма за спречување на учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, на веб страната на Министерството за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на јавниот повик.

v Добитниците на средствата од Јавниот повик во рок од 30 дена од денот за завршување на активностите од програмите за заштита од насилството, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, програма за спречување на учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, на веб страната на Министерството за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на јавниот повик, се должни да достават извештај до Министерството за образование и наука за наменско искористување на одобрените средствата.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Мени за пристапност