Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јаневска се сретна со Кристоф Камп - високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства

Јаневска се сретна со Кристоф Камп - високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска оствари средба со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, амбасадорот Кристоф Камп. На средбата се разговараше за соработката со ОБСЕ и за поддршката што Организацијата ја обезбедува во областа на образованието.

Јаневска ги претстави законските решенија и мерките што ги спроведува министерството за остварување на образовните и јазичните права на припадниците на заедниците, унапредување на меѓуетничката интеграција и почитување на културната и јазичната разновидност во училиштата.

Наставата во основното образование се изведува на пет јазици, а во средното образование на четири. Во основното образование, преку изборниот предмет „Јазик и култура на заедниците“, учениците имаат можност да ги изучуваат јазикот и културата на својата заедница. Беа претставени и работата на тимовите за училишна интеграција во основните училишта и поддршката на МОН за заеднички наставни часови и активности што ги поврзуваат учениците кои следат настава на различни јазици.

Посебно внимание беше посветено на јавните образовни политики за Ромите во основното, средното и високото образование. Јаневска ја истакна улогата на ромските образовни медијатори во поддршката на уписот и редовното посетување на наставата во основните и средните училишта, како и значењето на стипендиите за средношколците и студентите Роми за продолжување на нивното образование.

Мени за пристапност