Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување за корисници на студентски стипендии за странски државјани од интерес за Македонија

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Се известуваат сите корисници на стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија (студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров), а кои правото на студентска стипендија го оствариле во некоја од изминатите академски  години, правото на стипендија во академската 2024/2025 година можат да го продолжат во периодот од 1.10.2024 до 15.10.2024 година.

Kорисникот на стипендија треба да ја достави до Министерството за образование и наука следната документација:

- Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; 

- Уверение со положени испити;

 - Уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години 

- Индекс (копија) од прв запишан семестар до последен заверен семестар.

За сите дополнителни информации или прашања студентите може да се обратат на електронската адреса studentski.stipendii@mon.gov.mk 

Мени за пристапност