Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информација од уписот во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година (прво и второ пријавување)

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше од 16 до 17 јуни. Второто пријавување од 23 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата 24 јуни до 15:00 часот 2026 година. Ранг листи се објавија на 25 јуни 2026 година во 12:00 часот.

Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување добиени се следните податоци:

Во првото пријавување вкупно се пријавија 15 075 ученици од кои вкупно се запишаа 13 423 ученици (по направена селекција во уметничко образование) и тоа:

 

· 9 839 ученици за настава на македонски наставен јазик,

· 3 357 ученици за настава на албански наставен јазик,

· 213 ученици за настава на турски наставен јазик и

· 14 ученици за настава на српски наставен јазик.

 

Во второто пријавување вкупно се пријавија 2 927 ученици од кои:

· 1 457 ученици за настава на македонски наставен јазик;

· 1 369 ученици за настава на албански наставен јазик;

· 101 ученици за настава на турски наставен јазик и

Во двете пријавување вкупно се запишаа 15 705 ученици од кои:

· 11 171 ученици за настава на македонски наставен јазик;

· 4 241 ученици за настава на албански наставен јазик;

· 279 ученици за настава на турски наставен јазик и

· 14 ученици за настава на српски наставен јазик.

Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно:

· 4 653 ученици во гимназиско образование

· 10 823 ученици во стручно образование

 

Спортска академија се запишаа 229 ученици.

Во уметничкото образование сеуште не е завршен процесот на селекција.

Мени за пристапност