Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дополнителен повик за субвенциониран оброк

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Се известуваат сите студенти кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој траеше од 1 до 5 ноември, дека Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување и тоа од 13 до 16 ноември 2025 година.

Кандидатите треба да се пријават електронски на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци  во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ преку која се пријавуваат за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

Сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле за правото на студентски оброк.

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард и тоа на следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.

Линк до Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година.

Мени за пристапност