Министерството за образование и наука ги известува сите студенти дека од 1 ноември започнува аплицирањето за студентски стипендии, за вкупно четири категории и ќе трае до 15 ноември.
Конкурсот е објавен на следниот линк
За првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето исто така ќе се одвива од 1 до 15 ноември 2025 година. Конкурсот е објавен на следниот линк
Заинтересираните студенти кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку  платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk.
                 
                                    