Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

24-ти состанок на Научниот комитет на COST (European Cooperation in Science and Technology)

24-ти состанок на Научниот комитет на COST (European Cooperation in Science and Technology)

Министерството за образование и наука во соработка со COST – Европска соработка во науката и технологијата (European Cooperation in Science and Technology), го организираше 24-от состанок на Научниот комитет на COST (24th Meeting of the Scientific Committee), кој се одржа на 29 и 30 октомври 2026 година во Охрид.

Научниот комитет на COST е стручно советодавно тело кое придонесува за утврдување на научните и технолошките насоки на COST, обезбедување на научен квалитет и разгледувањето на предлог-проектите и резултатите од истражувачките мрежи.

Состанокот на Научниот комитет на COST го водеше Проф д-р Влатко Илиески, од Ветеринарниот Факултет на УКИМ, македонскиот претставник кој воедно е актуелен заменик-претседател на комитетот.

Поздравно обраќање имаше Проф д-р Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна како актуелен потпретседател на COST и претседател на извршниот комитет на COST во оваа ЕУ програма. Во своето излагање ги презентираше досегашните национални постигнувања во активностите на COST.

Во рамки на состанокот следуваа презентации на претставници од македонската академска и истражувачка заедница, посветени на научните проекти, истражувачките мрежи и поврзувањето на науката со креирањето политики.

Презентациите на учесниците од Македонија опфатија повеќе значајни теми:

· Александар Стамболев, EIT Community Officer, ја презентираше улогата на EIT Community Hubs и нивните достигнувања во земјава.

· Проф. Марина Андева, од Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ колеџ Скопје, се осврна на темата „Од ENTAN до FLARE: градење и одржување успешни истражувачки мрежи на COST.

· Проф. Александра Мартиновска-Стојчевска, од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, ја презентираше темата „Од истражување до политики: примери на соработка меѓу академската заедница и креаторите на политики во агрохранителниот сектор“.

Организирањето на овој меѓународен состанок во Охрид претставува значајна можност за афирмација на националните научноистражувачки капацитети на и за продлабочување на соработката со европската научна заедница.

Министерството за образование и наука останува посветено на унапредувањето на научноистражувачката дејност, поддршката на научниците и истражувачите и зајакнувањето на меѓународната научна соработка, со цел поголема вклученост на домашната научноистражувачка заедница во Европскиот истражувачки простор.

Мени за пристапност