Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Живееме во регион каде многу пати низ историјата се покажа дека судирите, освен болка и загуба, не носат ништо добро. Тие оставаат празнини во семејствата, рани во заедниците и сенки врз иднината. Тие искуства нѐ учат дека мирот има највисока вредност, но и дека е избор. Затоа се значајни постојаните заложби за негово чување, рече државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска во обраќањето по повод Меѓународниот ден на мирот и одбележувањето на 15 години спроведување и развивање на мировното образование во училиштата, во соработка со Првата детска амбасада Меѓаши. 

„Бројни наставници поминаа обуки и потоа во училиштата реализираа содржини за ненасилно решавање на конфликти, прифаќање на различностите и охрабрување на младите да поттикнуваат дијалог, толеранција и соработка а не поделби и раздор. Ако од мали децата учат да решаваат несогласувања со разговор, слушање и компромис наместо со кавга, да ги контролираат своите емоции и да ги почитуваат ставовите на другите, тогаш ќе пораснат во граѓани што имаат култура на мир и ја практикуваат во релациите со другите“, посочи Ивановска.

Таа се заблагодари на „Меѓаши“ за ангажирањето во овој чувствителен сегмент и ги повика сите други чинители да помогнат во градењето образование кое оваа држава ќе ја развива во современа и напредна демократска заедница.

Двете средни училишта, „Ванчо Прке“ од Виница и „Зеф Љуш Марку“ од Скопје добија признанија за придонесот кон мировното образование.

Државниот секретар нагласи дека наставниците се тие кои имаат најголема задача сѐ тоа што стекнуваат на обуките за мировно образование, да го пренесат во училниците и да го доближат до младите. За нив, признанијата се потврда за посветеноста и трудот што го вложиле но вистинската награда се учениците кои израснале во граѓани полни со почит, толеранција и одговорност за градење мирна иднина на Македонија.

 

Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, го потенцираше значењето на 15-годишната реализација на активностите на Програмата за мировно образование, нагласувајќи дека од почетоците до денес е изградена бројна група на училишта вклучени во мрежата на мировни училишта во Македонија. Тој ја истакна важноста на училиштата, наставниците и учениците кои низ годините покажаа дека мировното образование покрај тоа што се обработува во курикулумите, исто така се практикува како процес што се гради преку секојдневните односи на комуникација заснована на ненасилен начин каде учениците се однесуваат конструктивно во надминување на конфликти.

Мени за пристапност